Бен Афлек не сака да се сеќава дека го снимил филмот „Бетмен“: „Беше тоа најлошото искуство“

Холивудскиот актер Бен Афлек ќе ја репризира улогата на Бетмен во филмот „The Flash“.

Актерот неодамна во интервју за „Los Angeles Times“ зборувал токму за таа улога, која првпат ја снимил во филмот „Justice League“.

Како што добро знаеме, улогата не беше добро прифатена, но актерот и сам признал дека не се снашол најдобро во истата.

„Беше тоа мешавина од проблеми. Мојот сопствен живот, мојот развод, честата отсутност, разликите во плановите поврзани со филмот, а потоа и личната трагедија на Зек Снајдер и повторното снимање.

Тоа беше навистина најлошото искуство. Одвратно. Беше тоа сè што не сакам поврзано со еден проект. Беше тоа момент кога одлучив дека не сакам да работам повеќе. И, не станува збор за тоа дека „Justice League“ беше којзнае колку лош како филм“, изјавил Афлек.

Да ве потсетиме, режисерот Снајдер поради смртта на неговата ќерка Отмн, го напуштил проектот, а пристапот на новиот режисер Џос Видон, Бен не го прифатил баш најдобро.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e