Бела Хадид раскажува за кобната болест која ја мачи веќе 9 години

Една од најбараните манекенки на денешницата, Бела Хадид, неодамна проговори за болеста со која се бори со години и непријатните симптоми со кои живее – Лајмска болест.

23-годишната убавица, е дијагностицирана со оваа болест на 14 години. Таа истакнува дека речиси секој ден се соочувала со низа непријатности: аритмија на срцето, промена на расположението, болка во зглобовите, потење, мачнина, несоница, главоболка, тегоби и конфузност.

„Ова е она што го трпиме секој ден. Без лек.“ – напиша Бела.

„Секој ден може да почувствувам и по десет од овие симптоми. Станаа потешки кога наполнив 18 години. Имам проблеми и со помнењето, некогаш не знаев како да стигнам од Малибу до Санта Моника, каде што живеев. Не можев да јавам иако сакав да се занимавам со јавање професионално“.

Бела ја нарекува лајмската болест „невидлива“ затоа што не е очигледна и нема физички манифестации.

Лајмската болест е инфективно заболување предизвикано од бактерии кои припаѓаат на родот Borrelia и тоа: Borrelia burgdorferi, Borrelia garinii и Borrelia afzelii. Оваа болест на луѓето се пренесува преку убод од инфициран крлеж.

Резервоар на бактеријата може да бидат разни животни, вклучувајќи кучиња, елени, добиток, птици, глодари и др.

Од лајмска болест боледувале и нејзината мајка Јоланда и братот Анвар. Помеѓу ѕвездите од оваа болест боледуваат – Џастин Бибер, Алек Болдвин, Бен Стилер, Шанаја Твејн, Кели Озборн.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e