Американската пејачка Аријана Гранде е првата жена на Инстаграм која стигнала до 200 милиони следбеници.
Таа собрала 200 милиони пред ријалити ѕвездата Кајли Џенер (193 милиони), додека на трето место ја ставила колешката Селена Гомез, која има 190 милиони следбеници на оваа социјална мрежа.
Инаку, првиот корисник кој имал 200 милиони следбеници на Инстаграм е Кристијано Роналдо, португалскиот фудбалер.
Аријана ја достигнала оваа бројка само неколку часа по настапот на MTV Video Music Awards, каде била придружувана од Лејди Гага. Двајцата ја извеле песната „Rain on Me“, за која добиле и награда.