Славниот актер Антонио Бандерас го победи ковид-19 по 21 ден, а оваа вест тој ја објави на својот Инстаграм профил.
После 21 ден на дисциплинирана изолација можам да кажам дека ја победив коронавирусната инфекција. Јас сум излечен. Мислите ми се со оние кои не биле толку среќни колку што сум бил јас и со оние кои претрпеа повеќе од мене. Им посакувам сила и на оние што се во „битка“ – напиша актерот.
Актерот изолацијата ја помина во Велика Британија, читајќи, пишувајќи и одмарајќи се.