Деновиве огромна бура од реакции предизвика Фејсбук статусот на Панчо ДНК, кој ги искритикува жените/девојките за сметка на тоа како изгледаат на плажа во костими за капење.
Пејачот веднаш се најде на мета на јавноста и доби осуда и критики речиси од цела Твитер заедница, од познати личности и здруженија.
Антониа Гиговска не остана рамнодушна на статусот на Панчо па сподели нејзин Фејсбук статус со кој ги поддржа сите девојки, жени, мајки, повикувајќи да не се срамат од нивното тело.