Антониа Гиговска сподели емотивно видео и собра повеќе од 18.000 прегледи

Изолацијата знае да биде и позитивна, доколку успее во нас да ја разбуди креативната страна.

Веќе добро знаеме дека Антониа Гиговска секојдневно успева да им го задржи вниманието на своите следбеници преку разните објави, но ние посебно би го издвоиле нејзиниот последен ‘cover’.

Имено, девојката со ангелски глас направи преработка на песната „Би те одбрал само тебе“, која инаку е на Александар Тарабунов. Таа ова емотивно видео го сподели со своите фанови на нејзиниот Инстаграм профил, каде собра повеќе од 18.000 прегледи.
Преработката е специфична не само поради нејзината изведба, туку и поради нејзиниот изглед. Со неверојатно нежна шминка, бела кошула и стегач на главата, Гиговска изгледа магично, исто како што звучи и додека ја пее и оваа балада.

Инаку, Антониа и Александар беа главните ликови во мјузиклот „Тајно моја“ кој се играше во МОБ, во чест на Тоше Проески .


View this post on Instagram

one of the best @aleksandartarabunov ‘s songs and thank u for the piano version @justrbproduction 💕💕

A post shared by Antonia Gigovska (@antoniagigovskaa) on

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e