И покрај многуте добри дела, Анџелина, исто така, важи за презрена личност од страна на колегите. Се разбира, многумина очигледно ѝ завидуваат на високите хонорари и тоа што режисерите ја бараат. Други пак, просто, ја сметаат за арогантна. Причината за тоа се некои интервјуа со ѕвездата, во кои таа некои познати личности јавно ги нарекува глупави.
Освен тоа, и на дел од „обичните Американци“ не им се допаѓа. Според многумина, невозможно е да ѝ се прости страста кон „забранетите супстанции“ во минатото. Некои пак, не можат да заборават дека таа беше причината за разделбата на Бред Пит со Џенифер Анистон.