Анастасија Ражнатовиќ не гледа разлика помеѓу брак и заедничко живеење без потпис на хартија

Иако е во врска со една од најпопуларните млади српски пејачи, Ѓорѓе Куљиќ никогаш не се појавува во домашните медиуми, ниту пак неговата избрана Анастасија Ражнатовиќ не поставува заеднички фотографии на социјалните мрежи.

„Ѓорѓе не сака да биде во медиумите и нема потреба да се изложува преку мене, ниту сака. Ја почитувам неговата одлука, а и сама верувам дека е подобро да го сочувам барем тој дел од мојот живот за двајцата“, изјавила Анастасија за српските медиуми и дополнува:

„Имав 18 години кога започнавме да се забавуваме. Можам да ви кажам дека времето лета. Мислам дека личноста не се менува во суштина и дека оној што е со вас, не треба ни да се обиде да ве промени. Се разбира, нормално е дека некоја личност, сама по себе, може да се промени во четири години, колку што сме заедно“, смета Анастасија.

Таа вели дека се чувствува како веќе да е во брак.

„Се сомневам дека бракот се разликува од заедничкото живеење без потпис на хартија. Всушност, се надевам дека тоа воопшто не се разликува. Ѓорѓе е постар и поискусен, а јас, сакала или не, научив многу од него и на некој начин созреав. Нема ништо поубаво од тоа кога во еден момент ќе сватите дека растете со некого, дека постојано сте мотивирани да бидете најдобрата верзија на себе, а во исто време да бидете своја и прифатена“, вели Анастасија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e