Пејачката Анастасија Ражнатовиќ со својата пријателка уживала на одмор во Дубаи, а кога тргнала на лет за Белград доживеала несреќа.
Имено, таксито во кое била со нејзината другарка се судрило со друг автомобил.
– Анастасија тргнала на лет за Белград, но таксистот ја однел на погрешен терминал. Потоа успеале да најдат такси, но тоа такси доживеало несреќа на пат. После тоа дошла полиција и брза помош, но Анастасија и нејзината пријателка немале никакви повреди. Дошло трето такси, но кога стигнале на аеродромот им било кажано дека авионот бил затворен пет минути порано – пренесуваат српските медиуми.