Александра Пријовиќ распродаде три концерти во Загреб – Тоа им успеа само на Дино Мерлин и Здравко Чолиќ

Српската фолк пејачка Александра Пријовиќ неодамна ја започна турнејата „Од исток до запад“, а судејќи по посетеноста, таа би можела да стане една од најпопуларните пејачки на Балканот. Па затоа, очигледно не се занимава со „ниските удари“ кои ѝ ги упатува во последно време фолк ѕвездата Јелена Карлеуша.

Имено, таа одржа три последователни концерти во Белград во Штарк Арена на 28, 29 и 30 септември. Александра на сцената е 10 години, а ова е нејзиниот најзначаен успех во кариерата. Иако многумина го осудуваат фолкот и го сметаат за треш, факт е дека овој тип на музика е најслушан на овие простори.

„Најемотивен ми беше самиот почеток, кога излегов на сцената. Тогаш најмногу се плашев, како ќе се справам со тоа чувство, тој набој на позитивна енергија, но се помина како што треба. Кога сите почнаа да пеат заедно со мене на глас, почнав да се тресам. Тогаш кога го видов мојот син колку беше весел цело време, кога првпат ѝ се обратив на публиката, кога се сетив на моето прво доаѓање во Белград, кога песната „Се по старо“ ја посветив на баба ми и дедо ми“, рече таа по концертите.

Српските медиуми процениле дека благодарение на овие три концерти Александра ќе заработи 946.206 евра откако ќе ги исплати сите трошоци и даноци.

А сега следува Загреб. Нејзините концерти во Арена Загреб се закажани за 1, 2 и 3 декември. Дино Мерлин и Здравко Чолиќ беа единствените музичари кои трипати успеаја да ја наполнат Арена Загреб, а очигледно тоа успева сега да го направи и Пријовиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e