Актерката позната по улогата во „Сулејман Величествениот“ била уапсена во акција против дрога и проституција

Познатата турска актерка Езги Ејубоглу, кај нас најпозната по улогата на Ајбиге во серијата „Сулејман Величествениот“ била уапсена.

Во рамки на истрагата што ја спроведува Главното јавно обвинителство на Истанбул, бил издаден налог за апсење на актерката Езги Ејубоглу под обвинение за „купување, примање или поседување наркотични или стимулативни супстанции за употреба“ и „користење наркотични или стимулативни супстанции“.

Истовремено, налог за апсење бил издаден и за осомничените Есер Кучукерол и Исмаил Ахмет Акчај под обвинение за „производство и трговија со наркотични или стимулативни супстанции“, за осомничените Јигит Мачит, Мехмет Али Гул, Гизем Тиреди и Мехмет Гучлу под обвинение за „поттикнување и олеснување проституција“, како и за осомничениот Саим Мачит под обвинение за „прекршување на Законот бр. 6136 за огнено оружје, ножеви и други алатки“.

Иако актерката била пуштена по спроведените процедури во Институтот за судска медицина (ATK), нејзиното апсење одекна низ Турција и стана „силен симбол на истрагата“, што предизвика „широко негодување во јавноста“. Во меѓувреме, запленет е имотот на Касим Гарипоглу, по кого е распишана потерница во рамки на истрагата.

Актерката била спроведена во Институтот за земање примероци од коса и крв. По завршувањето на процедурата таму, Ејубоглу била пуштена по налог на обвинителството.

Во Турција моментално владее невидена паника, и тоа меѓу познатите имиња и ѕвезди.

Како што пишуваат медиумите, „на тапет“ се турски актери, блогери и бројни јавни личности, поради сомнежи дека „на јавната сцена царуваат дрога и проституција“.

Имено, во текот на последните недели биле спроведени рации, претреси и апсења во неколку региони на Турција.

Епицентарот на операцијата бил Истанбул, центарот на културниот, уметничкиот и медиумскиот живот во земјата, каде што живеат и работат бројни ѕвезди од ТВ-серии, музичари и инфлуенсери.

Иницијативата за зголемување на притисокот врз таканаречените „привилегирани кругови“ потекна од највисокото ниво, односно од претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, кој изрично му наредил на Министерството за внатрешни работи да ја засили борбата против дрогата меѓу јавните личности.

Властите отворено изјавуваат дека „повеќе не постои имунитет од инспекции“ – ниту статусот, ниту популарноста, ниту бројот на следбеници на социјалните мрежи не можат да послужат како оправдување.

Случајот не опфаќа само нелегална трговија и поседување наркотици, туку и набавка на нелегални работи за лична употреба, како и можен ланец на проституција.

Истрагата е во тек, а агенциите за спроведување на законот ги идентификуваат сите врски, инциденти и потенцијални учесници во ланецот, соопштија локалните медиуми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e