62-годишниот Алек Болдвин стана татко по шести пат!

Актерот Алек Болдвин (62) и неговата сопруга Хиларија (36) добија уште еден син. Двојката после двата спонатни абортуса, беше упорна и истрајна во намерата да добијат уште дете.

„Добивме бебе. Совршен е и не можеме да бидеме посреќни. Останете со нас и дознајте го името“, напишала Хиларија во опис на фотографијата на која во болнички кревет го држи бебето, а Алек седи покрај нив.

Минатата година беше тешка за Болдвинови. Хиларија имаше два спонтани абортуси во период од седум месеци. Но сепак Алек неодамна откри дека сакаат да имаат што повеќе деца.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e