Пејачката Теодора Џехверовиќ јавно сподели како ги наплатува рекламите на социјалните мрежи, а нејзините цени се движат од 500 до 700 евра. Иако многу јавни личности избегнуваат да зборуваат за вакви ангажмани, таа реши отворено да одговори на прашањето што ѝ го постави еден корисник на Инстаграм.
Како што објасни, објавата на стори со производ по нејзин избор чини 500 евра, додека објава на ѕидот се наплаќа 700 евра. Одговорот го сподели јавно преку својот официјален профил, нагласувајќи дека рекламите се дел од нејзината дополнителна заработка покрај музичката кариера.
Инфлуенсерството одамна е извор на приходи за многу пејачки, особено за оние со голем број следбеници. Иако ретко зборуваат за точните износи, Џехверовиќ уште еднаш покажа дека нема проблем со транспарентноста кога станува збор за соработките на интернет.
Инаку, таа не е единствена која јавно открила ценовник. И инфлуенсерката Луна Ѓогани неодамна објави колку наплаќа рекламни услуги, што предизвика реакции кај дел од јавноста поради висината на цените.
