Зоран Заев бил незаконски следен од УБК најмалку 3 години

Според СЈО, „Еден од телефонските броеви на обвинетиот Зоран Заев незаконски бил следен најмалку 1150 денови, од кои најголемиот дел во периодот пред издавањето на судските  наредби, а околу една година и по истекот на периодот определен во судската наредба, додека другиот негов телефонски број незаконски бил следен најмалку 400 денови“.

СЈО укажа дека „постои основано сомнение дека незаконското следење на телефонските комуникации во периодот од 2008 година до 2015 година во Република Македонија е вршено со злоупотреба на системите за следење на комуникациите во Управата за безбедност и контраразузнавање“.

Според СЈО, „од прибраниот доказен материјал произлегува и сомнение дека незаконското следење на комуникациите продолжило и после обелоденувањето на аферата со прислушкувањето“.

СЈО тврди дека „на ден 31.12.2015 година незаконски биле прислушкувани вкупно 138 телефонски броеви“, а доказите кои ги поседува СЈО покажуваат дека „процесот на злоупотреба на системот за следење на комуникациите продолжил и во 2016 година“.

Ваквите тврдења на СЈО отвораат прашања за предвремените избори на 11 декември: Можни ли се „фер и слободни избори“ на 11 декември ако УБК продолжила незаконски да прислушкува и во 2016 година?

Извор: Слободна.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e