Не беше лесно, но нашите заеднички успеси се мелем на нашите рани од црното минато и никој, ама баш никој ќе дозволиме да не враќа назад во мрачното минато, изјави премиерот Заев на централниот митинг на кандидатот за претседател Стево Пендаровски.
Продолжуваме заедно напред. Ние сме веќе дел од НАТО, седиме на иста маса со највлијателните земји во светот а одиме и кон Европската Унија и очекувам унијата да ги вреднува реформските резултати дома, им порача на присутните премиерот.