За Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони не важат правилата на Град Скопје. За да можат да паркираат вработените во Дирекцијата на чело со директорот Виктор Мизо, столпчиња кај нивните паркинг места нема иако тротоарот на булеварот Партизански одреди и пред и по Дирекцијата е ограден за да се спречи паркирањето.
Со празните места за столпчиња паднаа во вода заложбите на градските власти за безбедност на велосипедската патека и најавите дека нема да прават исклочоци од правилото. Сега на тротоарот, преку велосипедската патека може да паркираат, но само државните службеници кои и претходно беа привилегирани во паркирањето оти имаа поставено механизми за резервиран паркинг, пишува СДК.мк
