Во аптеките ќе има повеќе лекови на рецепт

Зголемувањето на квотите се однесува на 724 аптеки кои ќе добијат зголемување од дополнителни 26.000 денари месечно до крајот на годинава.

За дополнителни 80 милиони денари од вчера се зголемени средствата наменети за квоти за лекови на рецепт, што значи дека отсега во аптеките ќе има повеќе лекови на рецепт.

– Со цел да се овозможи еднаквост во прераспределбата на овие средства, Фондот одлучи да направи измени во Правилникот за квоти со воведување линеарно зголемување и минимална загарантирана квота. Имено, од вкупно 776 аптеки кои во моментов имаат активен договор, со реализација на квотата над 90 отсто во анализираниот период се 742 аптеки и кај нив согласно правилникот треба да се зголеми квотата. Зголемувањето на квотите се однесува на 724 аптеки кои ќе добијат зголемување од дополнителни 26.000 денари месечно до крајот на годинава –информира Фондот за здравствено осигурување.

Телеграф.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e