ВМРО-ДПМНЕ почнува со исти финти како пропагандата за Трамп?!

Се сеќавате ли на тазе аферата која го обиколи светот, а во која главни актери беа млади велешани кои со измислени вести за Хилари Клинтон преку портали регистрирани во Македонија ја помогнаа и изборната победа на Доналд Трамп? Сите измислици и тешки клевети за противникот кампањата на Трамп ги пласираше преку вебовите на велешани. НОВА открива дека оваа стратегија веднаш е копирана од владејачката партија во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ.

„Заев договарал поделба на Македонија во Швајцарија“, „Се за Сорос: Владетел на светот и човек кој одлучува за нашите животи или обичен преварант“?

Овие наслови од завчера можат да се прочитаат на новиот хрватски портал Alo.com.hr. Овој портал започнал со работа на 16 ноември и има објавено вкупно три текста, но веќе е познат и на големо се споделува во Македонија на социјалјните мрежи. Профилите на оние кои ги споделуваат овие текстови им припаѓаат на членовите и поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ.

janko

Водителот на емисијата „Јади бурек“, Јанко Илковски, на својот фејсбук профил веќе го постирал текстот во кој пишува дека на Заев му биле понудени 10 милиони долари за да ја подели Македонија.

НОВАТВ направи истрага за овој нов портал на хрватскиот пазар и трагите не вратија назад во Македонија. Имено, кога порталот Alo.com.hr го проверивме на хрватскиот пребарувач на домени како корисник ни го даде името на фирмата Њу Медиа Ентерпрајз (Nju Media Enterprajz) регистрирана на улица „Васил Ѓоргов“ 24/28 во Скопје, поточно во населбата Капиштец.

НОВАТВ од Централниот регистар извади документ за да ја провери сопственоста на Њу Медиа Ентерпрајз. Сопственик и управител на оваа фирма е Ѓорѓи Поп-Ѓорѓиев од Берово. Ѓорѓиев истовремено е веб администратор и вработен во маркетинг во провладиниот портал Пулс24.мк (www.puls24.mk). Пулс24 пак е во сопственост на Филип Петровски, директорот на Архивот на Република Македонија и член на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Името на Ѓорѓиев се појавува и како веб администратор на провладиниот портал А1.mk, кој се отвори во 2014 година како регионален медиум.

Извор: Либертас

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e