Во понеделник, 21.11.2016, започнува изборната кампања за предвремените парламентарни избори. Партиите ќе ги прошетаат градовите и селата и ќе им ветуваат подобра иднина на гласачите.
ВМРО-ДПМНЕ, традиционално, кампањата ја почнува в понеделник со митинг во Охрид, а наредниот ден, исто така во Охрид во кампања тргнува и коалицијата ВМРО за Македонија.
СДСМ, кампањата ќе ја почне во Прилеп кампањата, а ДУИ во кумановско Липково.
Според најавите од Коалицијата за промени и правда, тие тргнуваат во кампања од Скопје, од хотелот „Континентал“.
Сите партии најавуваат интензивна кампања, митинзи, реклами и средби со граѓаните.