ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните знаат дека стигнува правда за Македонија

Начинот на кој што СДСМ објавува лажни вести преку електронски медиуми покажува колку се очајни Заев и Пендаровски.

Како што наближува 21 април, така се зголемува паниката кај Заев и Пендаровски.

Ги демантираме лагите изнесени во дел од порталите, според кои ВМРО—ДПМНЕ, откажало митинг во Лозово.

ВМРО-ДПМНЕ за денес немаше закажано митинг во Лозово. Собирот во Лозово ќе биде одржан на 19 април и на истиот ќе присуствува и претседателот на партијата, Христијан Мицкоски.

Очекуваме порталите кои ја објавија лажната вест на СДСМ , истата да ја демантираат.

ВМРО-ДПМНЕ ужива голема подршка во Лозово, како и во цела Македонија. Зоран Заев го знае тоа и затоа преку лажни вести сака да ја дезавуира јавноста.

Времето на лагите одамна помина. Граѓаните повеќе не веруваат на манупулациите од Бихаќка.

На 21 април, Зоран Заев и Стево Пендаровски ќе го добијат одговорот од граѓаните за сите лаги и манипулации изнесени во изминатиот период.

Граѓаните знаат дека стигнува правда за Македонија, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e