(ВИДЕО) СДСМ Битола: Лицемерни се ветувањата на ДПМНЕ

Граѓаните кажаа што мислат за лажните ветувања и за непотребните трошења народни пари на власта во заминување, на последните парламентарни избори на кои Вмро во Битола беше поразена.

Граѓаните на Битола 10 години се оставени без егзистенција, без работа, а и локалната власт за 12 години не направи ништо за нивните реални потреби.

Каков спортски центар со спортски сали, базени, какви чуда ветуваат сега пратениците Зоран Илиоски и Лилјана Кузмановска, кои во минатото гласаа против повеќе амандмани за доброто на Битола , а вчера повторно се обидоа да манипулираат со битолчани.

 Па граѓаните знаат дека Дпмне во изминатиот период не успеа да ја реконструира постоечката спортска сала и стадионот кои се во очајна состојба.

Да, ќе има целосна реконструкција на спортската сала Младост, стадионот под Тумбе Кафе, Планинарскиот дом Копанки, ќе има и нов мултифункционален спортски комплекс. Ќе има и живот во Битола. Но тоа ќе го направи новата одговорна локална власт на граѓаните во Битола, предводена од СДСМ, изјави Методи Илиевски, советник во Општина Битола.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e