Подофицерката Јасмина Дуриќ не е веќе вработена во Министерството за одбрана. Во изјава за 24 Вести вели отказот официјално не го добила на домашна адреса, но нема плата, ниту социјално и здравствено осигурување, иако неколку месеци била на боледување.
Причина за прекин на работниот однос според неа е нејзиното учество на протестите на Шарената револуција за што околу шест месеци како што вели трпи притисоци и прекоманда од едно на друго работно место.
Јасмина вели дека не е несреќна поради тоа што останала без работа бидејќи слободата за неа е поважна од ограничувањето јавно да го искаже својот став.
Правдата Јасмина Дуриќ ќе ја бара на суд. Таа го тужи Министерството за одбрана, а утре е закажано првото судско рочиште. Од Министерството за одбрана не го коментираа отказот на подофицерката Дуриќ.