Поранешниот судија Валентин Зафиров во синоќешното издание на „10 минути“ на ТВ21 говореше за состојбата со правосудството во земјата по случувањата во Кривичниот суд. „Не се кренаа судиите, против судиите, туку судиите против криминалот“.
Тој го повика обвинителот Марко Зврлевски, да преиспита дали има кривично дело Злоупотреба во предметот „Ликвидација“ бидејќи предметот, како што вели, 22 месеци не може да стигне до Врховниот суд, со што му се ускратува правото на тристепено судење и правдата да ја бара во Судот за човекови права во Стразбур.