Судиите на Управниот суд панично бараат спас од постапките што ги покрена СЈО против нив

Претседателот на Здружението на судиите на Република Македонија, Џемали Саити, одржа работен состанок со претседателот на подружницата на ЗСРМ при Управниот суд, Ѓоко Живковски и потпретседателот, Дитурије Елези Незири.

На состанокот се разговараше за актуелните состојби во судството, со посебен акцент на последните случувања во рамки на Управниот суд, кои се однесуваат на покренатите кривични постапки против судии на овој суд, соопшти Здружението на судии.

Саити ги информирал соговорниците за досега преземените активности од страна на Здружението во однос на ова прашање, а притоа ги реафирмираше веќе искажаните ставови на Управниот одбор на Здружението кои се однесуваат на независноста, непристрасноста и одговорноста на судиите, повторувајќи им соопштение од 2016 година во кое Здружението објавило:

Ѓоко Живковски, судија на Управниот суд кој во име на колегите бара спас од постапките против нив

„Здружението на судиите на Република Македонија со особено внимание ги следи актуелните состојби во судството, особено прашањата што се однесуваат на независноста, непристрасноста, евалуацијата и одговорноста, како највисоки дострели утврдени во Уставот на Република Македонија, законите од областа на судството, како и меѓународните документи и тоа особено Европската конвенција за човековите права, Бенгалорските начела, Големата повелба за судиите, како и Мислењето бр. 3 на Советодавниот совет на европските судии при Советот на Европа.

Здружението на судиите укажува дека судијата ја врши судската функција независно, врз основа на својата проценка на факти и во согласност со совесно разбирање на законот, без никакви надворешни влијанија, поттикнувања, притисоци, закани или мешање, директно или индиректно од која било страна или од која било причина.

Здружението на судиите на Република Македонија укажува дека последицата на судската власт и довербата на доделените судии од страна на општеството се потреба за постоење на инструмент кој ќе ги одржува судиите одговорни и ќе овозможи дури и нивно отстранување од функцијата во случај на грешки во однесувањето, толку големи што ја оправдуваат таквата мерка. Потребата за внимателно препознавање на ваквата одговорност произлегува од потребата да се заштитат судската независност и слободата од несоодветен притисок„.

Судиите од управниот суд биле во паника и барале начин како да се спасат, бидејќи на овој начин може да се отвори пандорината кутија и многу од нив да одговараат за донесени пресуди по нарачка. СЈО поднесе обвинение против 5 судии на Управниот суд за кои од прислушуваните материјали се добиле информации за носење пресуди по нарачка. Иако се најавуваше таква постапка и за друг совет во Управниот суд кој одлучувал за Општина Центар засега таква постапка нема иницирано.

По носење на одлуките за Струмица, Струга и Центар, тогашниот претседтел на Управниот суд си поднесе оставка и јавно обвини дека пресудите се донесени по нарачка, па затоа, сега зачудува „плачењето“ на Управните судии на сите врати, иако нивните одлуки уште за изборите во 2013 беа критикувани и напаѓани како и јавно оспорувани.

Судскиот совет донесе одлука да им се одземе имунитетот за да може да се води кривичната постапка, на кој се повикаа судиите.

Целиот текст објавен на порталот Сведок прочитајте го на линкот тука.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e