И стручните соработници во Основниот суд Скопје 1 укажуваат на работењето на претседателот Панчевски

По реакцијата на 15-ина судии на однесувањето на претседателот на Основниот суд Скопје 1-Скопје, Владимир Панчевски, со реакција се јавија и стручните соработници кои работат во кривичниот суд.

Имено, десетина стручни соработници ставиле потпис на допистот којшто во форма на укажување го испратиле до Панчевски.

„Имајќи предвид дека голем број судски службеници, вклучително и ние потпишаните, без соодветна одлука, а дел и со Ваша одлука, сме распореден на работни места и задачи со кои сме задолжени согласно решенијата за систематизација на работни места во судот и не се соодветни на професионалните квалификации и работните компетенции. Ви укажуваме дека е потребно да извршите ревидирање на Вашите усни наредби и одлуки и ревидирање на писмените одлуки“, се вели во дел од рекацијата на стручните соработици.

Незадоволните стручни соработници бараат Владимир Панчевски да ја повлече казната за еден судски работник, кој е казнет за неизвршување на работните задачи. Тие му укажуваат на Панчевски дека вработениот постпувал по измислена норма од 400 предмети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e