Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ не бил прислушуван, рече во петок одговарајќи на новинарско прашање обвинителката Ленче Ристоска, притоа додавајќи дека чекаат одговор од уште еден телефонски оператор за да знаат точно дали Груевски бил следен или не.
Таа појасни дека поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска била незаконски прислушувана најмалку 732 дена, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески на едниот телефон 732 дена, на вториот 553 дена, додека на третиот најмалку 816 дена.
Лидерот на ДУИ Али Ахмети бил прислушуван најмалку 338 дена на едниот број и 867 дена на другиот.
Мендух Тачи бил следен најмалку 1.257 дена, Љубе Бошкоски најмалку 320 дена на едниот и 92 дена на другиот телефон.
Зоран Заев незаконски бил следен 1.150 дена, Зоран Верушевски 600 дена, а неговата сопруга 816 дена..