СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да престане да им се заканува на судии и обвинители и да ги остави да работат независно и професионално

ВМРО-ДПМНЕ, партијата симбол на Сваровски судството е навикната да врши притисоци, да им се заканува и да им диригира на обвинителите и судиите како да работат како што тоа го правеше за време на 11 годишното криминално владеење. – стои во партиското соопштение на СДСМ.

Таквото време на притисоци, закани, уцени, нарачани предмети и пресуди заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ.

Денес, обвинителствата, судовите работат професионално во заштита на законите и во интерес на граѓаните. Секој што постапувал незаконски ќе одговара за своите постапки, никој не е и нема да биде над правдата.

Антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски треба да престане со заканите и да ги остави обвиителските и судските органи да ја вршат својата работа професионално, независно и ослободени од секакви притисоци. – велат од владејачката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e