Ременски: Порачувам слепите лица да не се вовлекуваат во политички битки

Министерката за  труд и социјална политика Фросина Ташковска Ременски денеска оддржа пресконференција.

“За објективно и вистините информирање на граѓаните, членките и членовите на Националниот сојуз на слепи на Република Македонија, како министер и како министерство сакаме во целост да ги отфрлиме сите изнесени невистини кои во неколку наврати, и денес го изнесува претседателот на Националниот сојуз.

Министерството за труд и социјална политика има законска надлежност да врши надзор над законитоста во работењето на инвалидските организации, особено оние кои влегуваат во програмата за годишно финансирање. И оттука, не гледаме ништо спорно во делот на законитоста на бараниот, но по втор пат попречен надзор.

За што станува збор?
Државната комисија за спречување на корупцијата со четири дописи, почнувајќи од август минатата година, до Министерството како орган надлежен за назор над примената на Закон за инвалиски организации, достави барања/уригенции за ИТНО постапување на министерството по пријава/предмет по кој постапува ДКСК за злоупотреба на финансиските средства на Сојузот, скратувајќи ја помошта на државата за членовите на Сојузот, суспендирање на органите на Сојузот и други видови незаконитости.

До Министерството исто така, пристигнаа две дополнителни писмени пријави и поплаки од 7 општински здруженија членки на Националниот сојуз на слепи и Националниот сојуз на глуви и наглуви лица, кои заради притисоците од претседателот на НС сакаат да останат анонимни за јавноста , во кои со документи се потврдува дека, Националниот сојуз на слепи и Националниот сојуз на глуви и наглуви лица не ја исполнуваат својата законска обврска за префрлање на финансиски средства до членките на сојузите.

Ја информирам јавноста и членовите на сојузот дека, МТСП секој месец на сметката на Национаниот сојуз на слепи префрла 1.021.166,00 денари, односно заклучно со 07.11.2016 година МТСП на Националниот сојуз на слепи префрлило вкупно 10.711.660,00 денари, а до крајот на годината 13.203,992,00 денари или 216 илјади евра.
Заради горенаведените укажувања за злоупотреби на финансиските средства и други незаконитости, Комисија формирана од министерот во два обида за надзор сериозно беше попречувана од раководството на Националниот сојуз на слепи да изврши надзор, а со тоа да одговори на барањето на ДКСК и на самото министерство.

Во крајно непристојни услови со алкохол, цигари, без релевантни аргументи и со груби навреди кон министерството и надлежните органи Комисијата била просто избркана од просториите на Сојузот.

Од овие причини, секое истапување на претседателот на Сојузот на слепи да зборува во име на сите членови и да обвинува за некаков пристисок ги сметам за политички нарачана манипулација и обид за злоупотреба на хендикепот за цели кои несоодветствуваат со програмските цели на Националниот сојуз на слепите лица на Република Македонија. Затоа, наместо да бара извинување од други, ќе биде доблесно Жарко Салковски да им се извини на слепите лица во Македонија и да не ги вовлекува во негови лични битки за неодговорност.

Нема да дозволам лицата со хендикеп и попреченост да бидат вовлечени во неосновани препукувања и да бидат алиби за ничија неодговорност, ниту сега, ниту во иднина !
Хендикепот не смее да биде злоупотребуван од никого”, изјави на пресконференцијата министерката , Фросина Ташевска Ременски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e