Ременски: Оваа слика зборува за менталитетот на послушниците кои побрзаа да го пречекат Фирерот

Срам кој не може да се опише со зборови, зошто сликата кажува се!
Децата трпат во градинките додека воспитувачките мораат да одат на протести за Грујо!
Децата трпат во училиштата додека наставничките и директорките му постилаат тепих за дочек на Грујо!
Не ме чудат сервилните кон Грујо !
Ме чудат оние кои треба да забранат/санкционираат очигледна дискриминација и политичка манипулација со децата!
Ме чудат оние кои дозволија организација на партиски, не државен протокол во училиштата во кои се одбележува првиот школски ден!
Ме чудат сите оние кои мислат дека оваа слика зборува за образование, за еднаквост, за слобода или за демократија !
Оваа слика зборува за менталитетот на послушниците кои побрзаа да го пречекат Фирерот, а децата да бидат декор за неговите семејни вредности кои расплакаа половина исселена, угнетена и осиромашена Македонија и илјадници семејства!
Но, доаѓаат генерации кои ќе им држат лекции и на учителите, и на наставниците и на професорите, за тоа како треба да се негува култот кон слободата и еднаквоста, а не култот кон лидерот кои тивко и со вакви послушници го засади фашизмот во земјата која гинеше за негова победа !
СМРТ НА ФАШИЗМОТ, СЛОБОДА НА НАРОДОТ !

Фејсбук статус на Фросина Ременски, потпретседател на СДСМ.

14212605_1221912661173319_6267296358736914241_n

14212817_1221912681173317_4302948337491765852_n

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e