Пју: Секој петти жител на Македонија е иселен

Неодамнешното истражување на американскиот Истражувачки центар Пју, кој користел податоци од 2015 година од ОН покажува дека 9 држави изгубиле петтина или повеќе од свето население.

Една третина од родените во Босна и Херцеговина на пример сега се во странство, додека 28 проценти од Албанците и жителите на Јамајка исто така ја напуштиле својата родна земја. Во Ерменија една четвртина од родените во 2015 година живееле во странство.

Оваа студија ја сместува Македонија на листата на земји каде секој петти жител се иселил од земјата, заедно со земји како Казахстан, Сирија, Тринидад и Тобаго и Португалија.

Понатамошнот истражување на Пју покажало дека причините за иселувањето се очигледни: конфликт или физичка закана. Многумина родени во Босна и Херцеговина ја напуштиле земјата во раните 90-ти години бегајќи од војната. Тогаш околу 30 проценти или 1,65 милиони граѓани ја напуштиле земјата.

Последниве години има и други вакви егзодуси: 22 проценти (или 5 милиони) Сиријци ја напуштија земјата од 2011 наваму, што коинцидира со почетокот на граѓанската војна.

Други заминале во потрага по подобри економски услови..

Пју центарот утврдил и кои се главните дестинации на најголемиот број емигранти.

Во случајот со Казахстан, 63 проценти од емигрантите во 2015 година живееле во соседна Русија, додека 83 просто од емигрантите од Јамајка заминале за САД и Британија.

И мнозинството Португалци свое престојувалиште нашле во САД и Бразил.

Извештајот укажува дека емиграцијата има значаен демографски ефект врз државите. На пример, Албанија ја напуштаат многу млади луѓе, додека Тринидад и Тобаго високообразувани кадри.

Во некои случаи, емиграцијата меѓу одредени групи може да предизвика сериозен демографски дисбаланс, како стареење на популацијата, и создава проблеми и во бројноста на едуцираниот кадар во тие земји.

Ова истражување е фокусирано на земјите со најголем дел од иселени според бројот на населението.

Но ниту една од нив не е на листата од каде што има најголем број емигранти.

На таа листа прва е Индија (15,6 милиони мигранти), Мексико (12,3 милиони), Русија (10,6 милиони), Кина (9,6 милиони) и Бангладеш (7,2 милиони).

Изминатите 15 години  бројот на мигранти во светот продолжил да расте со огромно темпо, достигнувајќи 244 милиони во 2015 година, во споредба со 222 милиони во 2010 и 173 милионои во 2000 година.

Извор: Нова ТВ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e