Полицијата до денеска нема приведено или повикано на информативен разговор никој од хулиганите кои ја спроведуваа испланираната операција за линчување на пратеници во парламентот, тврдат за Либертас извори од МВР.
Снимки има, идентификувањето е лесно, но во МВР засега владее тишина и страв.
Жално е што меѓу хулиганите има вработени во специјалните полициски сили, началници и вработени во БЈБ и УБК, но во толпата има и вработени од АРМ. Сите тие учествувале или имале задача да статираат, но да не го спречуваат линчот на пратениците на новото парламентарно мнозинство. Голем дел од нив молчат и мислат дека најгустото помина и дека ќе се спасат од одговорноста за хаосот ва парламентот, тврдат нашите извори,.
Кога почнале да ги потиснуваат хулиганите од колеги во униформа кои биле цело време во Собранието биле прекорени да не ги туркале насилниците.
Обезбедувачите на екс-министерката Јанкуловска дури и заедно со хулиганите грлале и мавале по специјалците кои дошле со наредба да воспостават ред во парламентот и да ја прекинат операцијата за линчување.
– Во МВР има снимки и докази за учеството на наши колеги, но и од армијата и сите други насилници кои прифатиле да бидат дел од пеколниот план за линчување, тврдат извори од МВР за Либертас.
Министерот Нухиу бил предупреден претходно дека е можно такво сценарио за пресметка во парламентот, но тој речиси и немал начин да спречи, се било во рацете на директорот на БЈБ и вмровскиот кадар во МВР.