Николовски и Лукаревска на средба со партнерите од Националниот демократски институт

Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси и генерален секретар на СДСМ Љупчо Николовски, денеска, заедно со заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, остварија средба со претседателот на Националниот демократски институт, Дерек Мичел и регионалните директори за Европа и Азија, на која разговаравме за досегашната успешната соработка и за идните активности.
-NDI се долгогодишни партнери на Северна Македонија и преку своите програми даваат голем придонес во реформските демократски процеси во државата и јакнење на капацитетите на политичките партии преку развој на Аналитички центри и други форми, со цел креирање политики во интерес на граѓаните, порача Николовски по средбата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e