Како координатор сум во постојана комуникација со сите пратеници од пратеничката група, но и со пратеници кои делуваат надвор од неа, а се во поддршка на прогресивните политики, на заедничките политики кои носат напредок.
Сите, буквално сите даваат безрезервна поддршка и најостро ги демантираат конструкциите кои ВМРО ДПМНЕ ги прави со единствена цел да изврши притисок и да создава нереална еуфорија во јавноста.
Од друга страна, добивам информации дека дел од вчера потпишаните пратеници за гласање на наводна доверба на владата се злоупотребени и не се точно информирани со кого, односно со кои други партии од парламентот имаат т.н. заедничка цел.
Со еден збор се злоупотребени. Остануваме отворени и ги повикуваме на соработка и одговорно застанување на страната на демократската опција сите прогресивни демократски сили и сите пратеници кои се за европска иднина на нашата држава, за правда и економскиот напредок.
ФБ статус на Јован Митрески
