Изборниот резултат, но и харакирито на Груевски со заканите кон странските амбасадори, го влечат Ахмети подалеку од пилешката чорба во која сака да го турне неговиот досегашен брачен владин партнер. Да се прашува Али баба, во секоја друга ситуација која не би била самоубиство од заседа, без размислување би ги пуштил своите четириесет разбојници, или колку и да се, да се распоредат на галиите на ВМРО-ДПМНЕ, вели Сашо Кокаланов во колумна за ПРИЗМА.
„Ќе им кажам на сите Албанци во Македонија да не стравуваат, конечната одлука ќе ја одразува волјата на мнозинството граѓани Албанци, затоа што ДУИ никогаш не донела одлука која е против својот народ.“ Вака зборуваше Заратустра. Во последното интервју. Верувам дека овојпат Албанците ќе го држат за збор.
Што се случува? Што има ново? Да си ги пакувам куферите или ќе се оправи државава? Престанав да одговарам на ваквите прашања кои постојано ми стасуваат во инбокс деновиве. Затоа што не ги знам одговорите, не затоа што ме мрзи.
Во недостиг на геостратешки познавања какви што поседуваат една Мирка Велиновска или еден Васко Ефтов, ние останатите мораме да се потпреме на хороскоп и гатачки за да ја изнедриме нашата конечна проценка за 2017 година. Еве, ви кажувам, не знам кој ќе прави влада, ама знам дека оваа година дефинитивно ќе биде година на петелот. Што тоа и да значи, јебига.
Една работа секако може да се предвиди без тешки геополитички анализи, дури и без гатачки и хороскоп – крадците и во 2017 година ќе крадат, сѐ додека рацете им се во медот
Мислам дека новинарската работа не е ниту да шириме фатален песимизам, ниту лажен оптимизам. Наше е да трубиме. Тие сме трубачите во градот – ние новинарите и овие што свират на Боемската улица на Жерновски.
Една работа секако може да се предвиди без тешки геополитички анализи, дури и без гатачки и хороскоп – крадците и во 2017 година ќе крадат, сѐ додека рацете им се во медот. Не паѓајте на срцепарателните музички изведби на Филип Петровски и признанијата дека ја примиле пораката од граѓаните и ќе се сменеле. Ќе се сменат, жими петелов. Прочитајте ги извештаите на ревизорот, ако не ми верувате мене. Еве, во предвечерјето на Нова година излезе извештајот за Собранието. Си крадат, бе, не запираат.
Целата колумна на Призма на следниот линк.