Случајот со смртта на четиригодишното дете од кичевското село Бачишта, кое почина откако беше парчосано од глутница кучиња, отвори многу прашања за тоа кој е виновникот.
Четиригодишниот Џеваир во четвртокот претпладне беше нападнат и искасан од повеќе кучиња и со тешки повреди на стомакот, скршеници на градниот кош и на черепот беше пренесен во Клиничкиот центар во Скопје. По четричасовна операција на детето му беа извадени слезината и еден бубрег, по што беше ставено на апарати на интензивна нега на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување. Но, не издржа и вчера попладне малиот Џеваир почина.
Детето било нападнато од кучињата во четвртокот претпладне, кога излегло од неговиот дом и се обидело преку нива да дојде до соседната куќа, каде бил неговиот татко. Кучињата дошле од соседната штала, во сопственост на 49 годишен жител на село Бачишта, а потоа им се приклучиле и кучиња скитници.
Оваа трагедија во кичевско предизвика дебата на социјалните мрежи. Сите сочувствуваат со трагедијата на родителите, но се постави прашањето кој е одговорен за смртта на Џеваир. Државата, сопственикот на кучињата, луѓето.
Се повеќе луѓе се жалат на каснување од куче и на стравот кој постојано го претрпуваат сите граѓани, од најмала па до најстара возраст.
Целиот текст на Фактор можете да го прочитате тука