Во јавноста добро е позната содржината на извештајот на поранешниот директор на ЕК Прибе и на неговиот искусен и професионален тим, но малкумина знаат на кој начин е направена целосната анализа на ситуацијата и како се откриени причините и предизвикувачите на политичката криза во Македонија.
Станува збор за сериозно и обемно истражување и анализи на група независни стручни луѓе од областа на владеење на правото, спроведување на правото, следење на комуникациите, обвинителството и судството, човековите права, транзициските реформи… Тимот претходно веќе бил запознаен со состојбите во земјата врз претходни професионални ангажмани од Европската комисија, Советот на Европа и други организации.
Значи, екипата на Прибе не дошла боса по трње во Македонија, или пак тајно да води разузнавачки и шпионски истраги, туку на стручни и професионални состаноци со владини и невладини претставници да изгради вистинска слика на ситуацијата и да предложи решенија со единствена цел Македонија да се врати на патот на демократијата и слободата и да ги почне преговорите со Брисел за членство во ЕУ.
На списокот е и директорот и службата на Дирекцијата за заштита на податоци, претседателот и членовите на Државната изборна комисија, Претседателот на парламентот и членови на две надзорни комисии. Групата експерти од тимот на Прибе се сретнала со претставници на релевантни меѓународни организации, невладини организации, здруженија на правници и новинари…
Целата колумна на Ерол Ризаов во Утрински весник на следниот линк.