Дописникот на МИА од Брисел јави дека гласноговорничката на Еврокомисијата денеска не сакаше во име на Брисел да испрати честитка на ВМРО-ДПМНЕ, како победничка партија на изборите, а притоа се повика и на веќе дадената изјава на Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини и еврокомесарот за преговори за проширување, Јоханес Хан, дадена на 12-ти овој месец.
-Ве молам имајте предвид дека честитките традиционално се испраќаат кога владата и премиерот ќе бидат избрани, рече Коцијанчич.
Таа се повика на изјавата на високата претставничка за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан дадена претходно и не сакаше да му честита на ВМРО-ДПМНЕ.