Изборниот циклус заврши – а честитки за победникот нема

Порај честитките од високи европски претставници по минати изборни циклуси, годинава Европската комисија најави дека ќе ја честита победата на предвремените парламентарни избори откако ќе се формира влада и ќе се избере премиер.
Во 2011 година, тогашниот претседател на Европската комисија Жозе Мануел Баросо во честитка упатена до премиерот Никола Груевски, порача новата влада да вложи напори за напредок кон ЕУ.
„Уверени сме дека новата влада ќе вложи максимални напори за да обезбеди напредок во однос на важните прашања кои треба да се решат на Вашиот пат кон ЕУ, наведува претседателот на Европската Комисија Жозе Мануел Баросо во честитката упатена до премиеот Никола Груевски за изборната победа. Баросо наведува дека ЕК планира во иднина континуирана соработка со новата Влада.“ – изјави во јуни 2011, Жозе Мануел Баросо.
Во 2014 година честитки за изборната победа пристигнаа од тогашниот прв човек на Обединетите нации Бан Ки Мун.
„Јас ќе продолжам да сметам на силната подршка на Вашата држава која е под Ваше лидерство во однос на спроведувањето на целите и принципите на Обединетите нации и во нашите заеднички напори за решавање на многу меѓусебно поврзани глобални предизвици“ – изјави Бан Ки Мун до Никола Груевски во јуни 2014.
Поранешниот еврокомесар за проширувањее и соседска политика во своите обраќања го поздравува начинот на спроведување на изборните циклуси како во 2014 така и во 2011 година, редовно повикувајки се на препораките на ОБСЕ и ОДИХР.
По неодамкнешните предвремени парламентарни избори, портпаролката на европската комисија Маја Коцијанчич за државната новинска агенција изјави: „Ве молам да имате предвид дека традиционално честитките се упатуваат откако ќе се избере нов премиер и влада“. Таа додава дека изборите и нудат клучна можност на земјата да го обнови демократскиот конструктивен дијалог за надминување на долготрајната политичка криза..
Извор: 24 Вести

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e