Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов нема да се сретне со еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан кој денеска доаѓа во Скопје на разговори за надминување на кризата, неофицијално дознава САКАМДАКАЖАМ.МК.
Извори од Мисијата на ЕУ во Скопје кои не се овластени да даваат изјави потврдуваат дека засега претседателот Иванов не е во распоредот на серијата средби што комесарот Хан заедно со Хан и тројцата европратеници Едвард Кукан, Иво Вајгл и Кнут Флекенштајн ќе ги има попладнево во Скопје. Сепак, оставаат резерва дека можеби во вечерните часови ќе се создадат услови за средба со Иванов.
Во првата агенда на еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан беше предвиден и термин за средба со новиот претседател на Собранието, но од парламентарното мнозинство велат дека е мала шансата да се закаже седницата на која би бил избран новиот спикер. Извори од парламентарното мнозинство за САКАМДАЖАМ.МК велат дека името на новиот собраниски спикер ќе се утврди пред одржувањето на продолжението на конститутивната седница, неофицијално најавена за утре, така што тешко дека ќе се сретне со Хан.
Неофицијално, Иванов рекол дека не се враќа денеска и дека неговиот термин го отстапува на граѓанската иницијатива “За заедничка Македонија”