Хан со Заев во салата на владата, а со Груевски во салата на уставната комисија

Евокомесарот во придружба на тројца европратеници ќе има средби со политичките лидери и шефот на државата, а според официјалниот распоред на Собранието на Македонија, Хан ќе одржи средби во Собранието поточно со г. Билал Касами, претседател на БЕСА, во Сала на Уставна комисија, со г. Зијадин Села, претседател на Алијансата на Албанците, во Сала на Влада, со г. Али Ахмети, претседател на ДУИ, во Сала на Уставна комисија, со г. Зоран Заев, претседател на СДСМ, во Сала на Влада и со г. Никола Груевски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, во Сала на Уставна комисија.

Се очекува Хан уште еднаш „в лице да му ја плесне“ на Груевски пораката за брзо формирање на влада, мирен трансфер на власта и доделување на мандатот на опозицицијата.

По три месеци новите пратеници избрани на 11 декември, напладне ќе влезат во собранието. За денеска спикерот Трајко Вељаноски свика координација на пратеничките групи за закажување на продолжението на конститутивната седница. На средбата најпрво треба да биде утврден составот и да биде формирана Комисијата за избори и именување, а потоа и да продолжи конститутивната седница, која почна на 30 декември минатата година.

Вељаноски средбата ја закажа по барање на СДСМ и парламентарното мнозинство кои со иницијатива од 67 потписи побараа свикување на Собранието. Во истовреме во земјава ќе биде и европскиот комесар за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e