Форумот на слободоумни патриоти го повикува членството на ВМРО ДПМНЕ да не наседнува на повиците и сценаријата на лажните патриоти за дестабилизација на Република Македонија.
Единствена цел на ваквите повици е обидот на врхушката да издејствува амнестија за криминалите и злосторставата кои ги има правено врз својот народ. Во овој чувствителен период од интерес на Република Македонија е да нема немири и дестабилизација.
„Апелираме до политичките лидери да прекинат да играат на картата на национализмот, да се повлече “платформата” и да се фомира Влада која доследно ќе ги спроведе препораките на Европската Унија и Стејт департментот на САД“, велат од Форумот на слободоумни патриоти.