Носителот на изборната единица 3 од редовите на СДСМ и коалицијата, Љупчо Николовски, заедно со Мухамед Зекири, денеска беа на отварањето на промотивните штабови во Богомила и Јаболчиште, кои ќе им бидат на располагање на граѓаните за различни потреби. На отварањето на штабовите беа присутни голем број на граѓани а свое обраќање имаа токму Николовски и Зекири кои потсетија дека СДСМ има План за Живот и дека после 11 Декември работите во Македонија ќе тргнат на подобро.