Кире Наумов, претседател на Комисијата за финансии на СДСМ
Изјава за медиуми
Почитувани граѓани,
Пробиштип повеќе нема да биде град на иселени луѓе, на луѓе без егзистенција, на рудари без работа.
Ќе обезбедиме стабилни работни места со поддршка на домашните претпријатија и во соработка со сериозни странски инвеститори, а не како искуствата што ги имате досега.
Од вас слушнав дека само во последниве години, над 3.000 граѓани од овој крај си заминале од родното место, во потрага по работа, за да го обезбедат парчето леб за своите семејства.
100-тина рудари, како што слушам од вас се иселиле во Србија. Тоа значи дека дури и земјите од нашето опкружување ги гледате како подобро место за живеење од Македонија.
Разбирам. Еден од последните примери на несериозен однос на оваа власт кон вас е заминувањето на индискиот инвеститор кој остави над 1.000 рудари останаа без работа.
Индискиот инвеститор си замина од Македонија, ги остави рударите без 12 плати, остави и милионски долгови кон доверителите. На телевизија покажуваат дека влегол наводно нов инвеститор, но рудникот се уште не е почнат со работа. Велат дека почнале исплатите на плати, но од вас слушам друго. Плати нема. Беше ветено раздолжување на доверителите во март, не се случи. Доверителите се домашни фирми. И таму работат луѓе и поради сето ова и овие луѓе остануваат без работа.
СДСМ се обврзува дека ќе обезбеди нови работни места, пристојна работа и повисоки плати за сите граѓани, вклучително и пред се за рударите. Јавно ќе ги објавиме сите потпишани договори со постоечките и евентуални идни странски инвеститори. По 11 декември, со нови одговорни економски политики ќе обезбедиме стабилни и сигурни работни места. Ве уверувам, ќе ви обезбедиме достоинствен живот. Ќе го запреме иселувањето на граѓаните од државата и ќе работиме на враќање на заминатите од земјава.