Екс-директорката на Кожна клиника Нина Цаца Биљановска е пуштена од Инфективната клиника и моментално е на домашно лекување, откри на денешната прес конфенција министерот за здравство Венко Филипче.
Таа беше дијагностицирана како позитивна на коронавирусот на 9 март а сите вработени на Клиниката за кожни болести и пациенти кои доаѓале во претходните денови беа во самоизолација. Кај 5-на од нив беше дијагностициран коронавирусот.
Таа се вратила од Италија и наместо да седи дома во изолација, какви што беа препораките, таа одела на работа а држела предавање и на симпозиум во скопски ресторан.