Дали изборите ќе ги дочекаме како членка на НАТО?

Република Северна Македонија три дена по новата година ќе добие нова техничка влада со мандат од 100 дена или поточно до денот на одржување на предвремените парламентарни избори закажани за 12-ти април 2020-та година.

Претседателот на законодавниот дом Талат Џафери вчера излезе со информација дека Собранието ќе се распушти на 11-ти февруари по што ќе следи распишување на изборите кои ќе се одржат според досегашниот изборен модел.

Сеуште е неизвесно дали македонскиот парламент ќе успее, пред самораспуштањето, да го ратификува Протоколот за членство во НАТО со цел да стане 30-та полноправна членка на алијансата. Предходно протоколот за наше членство треба да го ратификуваат Франција, Холандија и Шпанија, но и народните избраници да го изгласаат Законот за одбрана.

Овој закон беше изменет и дополнет со цел да се усогласи законодавството од областа на одбраната со обврските и правилата во НАТО, особено во сегментот на применливоста на членот 5 од Северноатлантскиот договор. Членот 5 ја уредува надлежноста на Владата за одлучување за влегување и излегување на вооружени сили на странски држави, внатре и надвор од територијата на Републиката, поминување или престој во врска со учество на вежби, обука, хуманитарни операции, меѓународни операции, НАТО мисии и операции и во примената на правото на индивидуална или колективна самоодбрана, операции за кризен менаџмент и кооперативна безбедност, како и во команди, штабови и воени единици на меѓународни организации на територијата на РСМ.

Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска во телевизиско интервју пред една недела рече дека очекува сите кои барем еднаш кои го спомнале НАТО да гласаат за Законот за одбрана.

Во однос на ратификацијата на Протоколот за НАТО, Џафери вчера рече дека по распуштањето нема можност за свикување на Собранието. За ратификација на Протоколот ќе треба да се чека новиот парламентарен состав. – порача Џафери.

Премиерот Зоран Заев сепак е оптимист.

– Јас верувам дека навремено ќе стасаме со оваа работа. Државата се подготвува, ние со нашите институции, во случајов Прламентот, да не бидеме пречка. Тоа значи на време Парламентот да го донесе новиот закон за одбрана. Тоа е важно затоа што преку него се адаптираме на сето она тоа што е обврска како нова членка на НАТО, а секако и навремена ратификацијата на Протоколот во нашиот Парламент. – рече Заев.

Опозицискиот лидер, Христијан Мицкоски вели дека за нив е прифатливо, ако протоколот доцни, распуштеното Собрание повторно да се собере.

Мицкоски, во одговор на новинарско прашање вчера рече дека на лидерската средба станало збор дека за итни неодложни ситуации Уставот предвидува да може Собранието повторно да се собере и тоа не е никаква пречка.

-Се очекува некаде на почетокот од декември да се формира Парламентот во Шпанија, по завршувањето на изборите имајќи предвид  дека таму одлуката е помината на владата, треба да помине само во парламент и тоа би било да речеме последната државата која што би требало да го ратификува прокотоколот. Веднаш потоа да дојде во нашиот парламент и некаде предвидуваме таму некаде втора половина од  декември, прва половина на јануари. Но, доколку се распушти парламентот, тој може повторно да се собере, тоа било пракса  за итни неодложни работи и да може да се стави таа точка на дневен ред и да се помине.

Предвремените парламентарни избори беа договорени на лидерската средба кај претседателот на државата, Стево Пендаровски откако земјава не доби датум за почеток на преговори со Европската Унија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e