Ципрас со моќна видео порака: ,,Вистината за Преспанскиот договор”

Грчкиот премиер, Алексис Ципрас, објави видеопорака до граѓаните во Грција, во која истакнува дека дошло време да се изнесат фактите за Преспанскиот договор и да се дознае вистината.

„Со преспанскиот договор ја штитиме нашата Македонија. Го надминуваме стравот и го отвораме патот кон мирот и економскиот раст“, вели Ципрас во видеообраќање со наслов „Вистината за преспанскиот договор“.

Договорот , вели Ципрас е камен темелник за пријателство на балканскиот регион , соработка и братство на народите.

Во видеопораката има и инсерти од потпишувањето на договорот помеѓу Грција и Македонија. Договорот, кој во четврток треба да биде ратификуван и во грчкиот парламент, предвидува преименување на нашата земја во Република Северна Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e