Честитка од Заев, по повод Еврејската Нова година

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев на сите граѓани од еврејската заедница им го честита големиот празник, еврејската Нова година Рош-Хашана.

,,На сите граѓани припадници на еврејската заедница во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и во мое лично име им ја честитам Новата 5777 година. Големиот празник Рош-Хашана нека биде нова надеж за почеток на добар живот и стабилна иднина на сите граѓани. Нашите заеднички заложби втемелени на толеранцијата, меѓусебното разбирање и заедништвото не прават поодлучни, силни и мотивирани зедно да изградиме праведно и заедничко општество кадешто сите посветено ќе работиме за квалитетен животен стандард. Различностите се голема придобивка за Македонија, во тоа веруваме, а граѓаните од Еврејската заедница значаен дел од нашето општество.

Посакувам претстојните празнични денови да ги поминете во мир, среќа и радост согласно вашата вековна традиција!“

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e