19 скопјани, 1 кривопаланчанец, 3 кумановци… се новозаразени лица од корона вирус

Министерот за здравство Венко Филипче на прес конференција ги соопшти градовите од кои се 26-те нови случаи заразени со коронавирусот.

Дебар – 1 случај, Скопје – 19, Куманово – 3, Прилеп – 1, Тетово – 1, Крива Паланка – 1 пациент.

„На Инфективната клиника се примени нови 8 пациенти, сега има вкупно 47 хоспитализирани. На механичка вентилација се поставени тројца пациенти на 50, 63 и 67-годишна возраст, а на кислородна поддршка дополнителни 9 пациенти. Во сите други градови стабилна е состојбата во сосем лесна клиничка форма на пациентите“, рече Филипче.

Утрово на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина еден пациент на 79 години, од Дебар. Пациентот е дијагностициран позитивен на Ковид-19 на 23 март, а со влошена здравствена состојба хоспитализиран на клиниката во Скопје на 25 март.

Денеска од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје се испишани 9 пациенти (8 од Дебар и 1 од Скопје) кои на два контролни теста на Ковид-19 имаа негативен резултат. Нивната здравствена состојба е добра и тие заминаа дома.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e