Во Крива Паланка од денеска до 15. мај ќе се обележува хоризонталната сигнализација

Општина Крива Паланка ќе врши обележување на хоризонтална сигнализација во период од 12.05. 2020 г. до 15.05 2020 г. на улицата Св. Јоаким Осоговски на потегот од станицата за технички преглед влез во градот до мотел Македонија излез од градот, информираат од локалната самоуправа.

Одбележувањето е со цел зголемување на прегледноста на улиците и подобрување на безбедноста во сообраќајот што е приоритет во работата на локална самоуправа, а согласно со Основниот сообраќаен проект за режим на сообраќај на улицата Св. Јоаким Осоговски во Крива Паланка, наведуваат надлежните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e