Министерството за внатрешни работи информира дека младо момче од Скопје пријавило дека било допирано од професорот.
„Во СВР Скопје, В.Т. (19) Скопје вчера во 13,30 часот пријавил дека околу 09.00 часот во училница во училиште во Скопје бил допиран по телото од професор“, стои во соопштението од полицијата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.